НАСА откри како Касини ќе биде ставен вон функција

Од:

Американската вселенска агенција открива подробности за тоа како апаратот Касини ќе биде ставен вон функција и уништен, коешто ќе се случи во средината на септември.

На 15 септември, кога и ќе заврши мисијата на сондата, таа за последен, 22-ри пат ќе се протне меѓу прстените на Сатурн и неговата површина. Апаратот во истовреме, веднаш ќе пренесува податоци од атмосферата на планетата, се додека не изгуби контакт со Земјата во 11:54 часот. по Гринич. При влегувањето во атмосферата, тој ќе почне брзо да согорува и на крај ќе се распадне.

Касини го следеше Сатурн и неговите 62 месечини од јули 2004., и обезбеди извештаи и сознанија за најмалку 4.000 научни трудови.

Последните податоци од мисијата покажуваат дека прстените на Сатурн имаат помала маса од што се сметаше. Тоа може да значи и дека се подоцна настанати, коментират стручњаците.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска