Нелегални фабрики за цигари во Грција

Од:

Катимерини – Атина

Во јули, во Солунската служба за безбедност дошла информација дека лице кое редовно патувало во Романија и Бугарија предводи мрежа за трговија со шверцувани цигари, со седиште во Грција.

Според првичните информации целта на тие патувања на осомниченото лице била да се сретнува со раководни членови на шверцерски канали и да си ги кородинираат дејствијата.

Осомничениот бил следен и по една година службата за безбедност во Солун успеала да разбие еден од најголемите канали за шверц со цигари.

Така во градот Аспропиргос биле откриени две фабрики на таа мрежа со инсталирани линии за производство на цигари. Истата мрежа имала и склад во Елефисна, Магула и Оропос, као и десетина комбиња со кои биле изнесувани нелегалните цигари во странство.

Секоја од фабриките била опремена со машини за производство и пакување на цигари и имала посебни оддели за склдирање и обработка на тутунот, кој доаѓал таму во сирова состојба.

При рациите биле одземени 177 милиони цигари и 70 тони сиров тутун. Нивната вредност надминува 100 милиони евра, а неплатените даноци и загуби за државата изнесуваат 32 милиони евра.

Мрежата ја предводел 49-годишен Грк од Казахстан, а негови помошници биле неговиот 25-годишен син и уште двајца етнички Грци од земји од поранешниот Советски Сојуз, на возраст од 41 и 34 години.

Чудно е што при рациите тие не биле откриени и уапсени, како и останатите 36 лица против кои се подигнати обвиненија за учество во шверцерската мрежа.

Се претпоставува дека пред доаѓањето на полицијата во фабриките и складовите на мрежата нејзините членови биле предипредени и ги напуштиле локциите кои, како што беше заклучено, биле опремени со камери за набљудување и системи за откривање и деактивирање на „прислушни“ уреди.

Мрежата внесувала од Италија сиров тутун а од Бугарија – материјали за пакување на цигарите, кои биле пренесувани до фабриките и склдовите во градот Аспропиргос.

Таму со специјални машини тутунот бил виткан во цигари, кои потоа биле пакувани во пакети, кутии и палети, доставувани од странство од големи легални производители на цигари.

За транспортирањето на цигарите „менте“ во странство – Бугарија, Ппанија, Италија, Романија и Велика Британија, мрежата располагала со 32 товарни возила.

Тие припаѓале на компанија за извоз и увоз на стоки произведени во содејство со „осомничени лица“ во соседна Бугарија. Истовремено, производството во фабриките и скалдовите биле изнајмени од непостоечки лица, наводно граѓани на Кипар и на други држави.

За време на тајното следење пристанишните власти заплениле во април во Игуменица ТИР со 47 илјди шверцувани цигари, сокриени во камион за брендот цигари „Менте“ кои биле произведени во фабриките во Аспропиргос, а уште еден ТИР на таа мрежа бил откриен во реон на истиот град.

Два дена подоцна, полицајци од Солун сопреле на Малгара уште еден камион кој пренесувал сокриени во гипскартони 105 илјади пакла цигари. Тие исто биле произведени во истите фабрики во Аспропиргос.

Се претпоставува дека за да ја сокријат нелегалната стока, нелегалните трговци располагале и со други капацитети во кои биле произведувани неопходните бункери и кутии каде се криела нелегалната стока.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната