Царинската управа потпиша договор за донација со програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при амбасадата на САД

Од:

Денес, во просториите на Царинската управа, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски одржа работна средба со Џорџ Р. Кларк, Регионален Советник за Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).

На работната средба се разгледа досегашната соработка помеѓу Амбасадата на САД и Царинската управа во рамките на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) воспоставена од 2004 година, при што се потпиша и грант – договор за доделување на опрема на Царинската управа во вредност од 55,874.67 американски долари.

Опремата која е наменета за спречување на незаконско тргување со стоки, се состои од 2 видео инспекциски системи за вршење на контрола, 4 комплети на опрема за мерење на густина, 5 комплети на основна опрема за вршење на инспекција и 5 пејџери за детектирање на радијација.

Оваа опрема, што царинските службеници ќе ја користат во нивната секојдневна работа, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за постигнување на подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите.

На работната средба се констатираше и потребата од продлабочување на соработката во наредниот период, со цел за подобрување на оперативните капацитети на Царинската управа и постигнување на поефикасни резултати, во насока на заштита на границите и општеството во целина, како и олеснување на меѓународната трговија.

Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS се реализирани бројни обуки и повеќе донации на опрема од страна на Aмбасадата на САД, која на Царинската управа ѝ има обезбедено оперативна опрема во вредност од приближно 3 милиони долари, која се користи во секојдневното работење на царинските службеници, како поддршка на севкупното царинско работење и исполнувањето на обврските и заложбите на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Нова шлаканица за Нетанјаху: Америка го отфрли барањето на Израел да го види меморандумот со Иран

Дипломатскиот фокус на САД сега се префрла на војната во Украина

САД му наредија на Израел да не го напаѓа Иран

Венс: Иран нема да добива пари од американските даночни обврзници

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Нетанјаху: Иран нема да има нуклеарно оружје, Израел ќе ги брани своите безбедносни интереси

Горан Наумовски