Британска поддршка за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед 2018

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со советникот за одбрана и безбедност во Одделот за стабилизација на Обединетото Кралство Стивен Гловер, кој престојува во дводневна посета на Република Македонија.

На средбата на која присуствуваа и британскиот амбасадор Чарлс Герет и одбранбеното аташе потполковник Ричард Пери, како што информираат од Министерството, биле разменети мислења и искуства поврзани со изработката на новиот Стратегиски одбранбен преглед, како и за можностите за поддршка во изработката на овој исклучително важен документ за одбраната, од страна на Обединетото Кралство.

Министерката Шекеринска на средбата информирала за рестартирањето на процесот за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, процес кој би требало да заврши кон средината на идната година. Изработката на овој документ се смета за клучна за квалитетно водење на одбранбените реформи и членството на Република Македонија во НАТО, се вели во соопштението на МО.

Британскиот советник за одбрана Гловер изразил подготвеноста и интересот за советодавна поддршка од британска страна на овој важен реформски процес. Тој воедно ги истакна и британските искуства и научени лекции во поглед на изработка, но и имплементација на стратегиските одбранбени прегледи.

Во рамки на посетата на Македонија, Гловер ќе се сретне и со високи претставници од Кабинетот на Претседателот и Владата на Република Македонија, задолжени за одбраната и безбедноста, а средба ќе има и со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

ВИДЕО: Британскиот тајкун исчезна, ден претходно беше убиен неговиот деловен партнер

Катерина Ѓуровски