(ВИДЕО) Сугарески: Владата ги продолжува роковите за легализација на објекти

Од:

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што на граѓаните им се даде повеќе време за прибирање на потребната документација за легализирање на објекти, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

По анализата, Министерството за транспорт и врски утврди дека во Република Македонија во процес на легализирање се 186 илјади објекти кои граѓаните од различни причини не успеале да ги легализираат, вели Сугарески.

Според измените на Законот за легализација, започнувајќи од први јануари 2018-та година граѓаните ќе имаат 12 месеци да ги докомплетираат потребните документи за легализација. Овој закон важи само за објектите изградени од први март 2011-та година.

Како што рече министерот за транспорт и врски, едининците на локалната самоуправа ќе бидат задолжени да ги информираат странките кои не доставиле комплетна документација да го направат истото во определениот рок.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места