Архитектите на компанијата ОДОС во Велика Британија ги осмислија првите канцеларии на компанијата Слак познати по истоимената апликација за размена на пораки која најчесто се користи во деловната комуникација.
Сместена на последните два ката во зграда во центарот на Лондон, оваа канцеларија претставува втора европска база на Слак, компанија со потекло од Сан Франциско. Првата во Даблин е отворена во 2015 година.
Слаковите канцеларии се простираат на површина од 540 м2, а боите кои преовладуваат во нив претежно се црна и бела и ја рефлектираат нивната желба да дишат со „зрелост и безвременост”. Бледите храстови подови се контраст на темниот кожен тапацир, а од високите прозори се пружа поглед на градот.
Интервенциите во просторот ќе служат за инспирирање на вработените и подобра социјална интеракција. Слак во 2013 година ја покрена соосновачот на Фликр Стјуарт Батерфилд, а целните корисници биле вработените кои можат да комуницираат меѓусебно.
Компанијата доживеа брза експанзија, а оваа година покрај Лондон ќе се отворат и нови простории на Менхетен и во Даблин.