„Борбата на векот“ помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор во саботата предизвика огромно внимание низ светска јавност, а доказ за тоа е и податкот дека борбата била гледана од скоро три милиони луѓе преку 239 нелегални преноси во живо.
Според податоците на компанијата за интернет безбедност Иредето 2.930.598 луѓе нелегално ја гледале борбата преку социјалните мрежи и сајтовите за интернет преноси. Борбата беше пренесувана во живо на Фејсбук, Твитер, Перископ и Твич.
Дел од стримовите беа поставени од „интернет Робин Худ“ кои што платиле за гледање на борбата, па обезбедиле пренос за останатите да гледаат бесплатно.
На оваа бројка треба да се додадат и официјалните гледачи кои платиле за гледање на борбата, меѓутоа тие се уште не се објавени.
Борбата на Мејведер против Мани Пакиао во 2015. година заработи повеќе од 400 милиони долари од преносите, откако беа откупени повеќе од 4,6 милиони pay-per-view барања.