Ураганот Харви продлжува бавно да се враќа кон Мексиканскиот Залив.
Националниот центар за урагани на САД наведе дека, ураганот што во петокот се искачи на четвртиот степен, од највисоки пет, донел поројни дождови во регионот на Хјустон, проследени со ветер со бризна од 65 километри на час.
Центарот на ураганот се наоѓа на 32 километри источно од градот Викторија во Тексас. Тој продолжува да се придвижува југоисточно со брзина од шест километри на час.
Тоа значи, дека бурата буквално запрела во близина на брегот и продолжува да го напаѓа со пороен дожд регионот на Хјустон и Галвестон.
Се очекува, денеска Харли бавно да се оддалечи од централниот дел на тексашкото крајбрежје и утре да се движи до брегот, по што постепено ќе се насочи кон североисток.
Извор, запознаен со состојбата, наведе дека засега материјалните штети што ги предизвика Харви чинат речиси три милијарди долари.