Празникот Успение на Пресвета Богородица одбележан во Лешок

Од:

Со голем црковно-народен собир во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок денеска се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица или во народот познат како Голема Богородица.

Празнувањето почна уште синоќа, а продолжи и денеска кога митрополитот тетовско – гостиварски господин Јосиф заедно со повеќе свештеници од Тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија отслужи света архиерејска литургија.

Верниците ги посетуваат двете цркви во овој манастирски комплекс, „Свети Атанасиј“ и старата „Света Богородица“ која потекнува од десеттиот век.

– На денешен ден Богородица се упокоила, како и сите луѓе што се упокојуваат. Гледано од човечки аспект секоја разделба предизвикува жал, тага и воздишка, но ние денес овој празник го чествуваме со неизмерна радост. Со црковни песни ја величаме разделбата на Богомајката од апостолите и христијаните бидејќи празникот на богородичното успение всушност е продолжување на чествувањата и прославување на воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Овој празник е уште еден патоказ за вистинскиот пат по кој врвиме – патот до вечноста. Затоа светата Црква денеска не тагува, туку денеска се радува бидејќи смртта на Богородица е живоносна веселба во небесниот и бесмсртен живот, рече во својата беседа пред присутните верници митропилитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

По завршувањето на црковниот дел, верниците од Тетовско како и повеќе други места во државата и дијаспората масовно се собраа во црковниот двор од Лешочкиот манастир, каде продолжија со веселбата.

Како знак на препознавање на одбележувањето на овој празник е и синоќешното одржување на Фестивалот на новосоздадена македонска народна песна „Лешочки фолк фест“. На годинашното издание настапија дваесттина естардни уметници и групи.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението