Празникот Успение на Пресвета Богородица одбележан во манастирот Трескавец

Од:

Стотици граѓани присуствуваа на вечерната богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, која се одржа во манастирот Трескавец, во црквата која го носи името на Успението на Мајката Божја.

Отецот Калист им посака добредојде на сите верници во дворот на Мајката Божја.

– Многу сум благодарен на Бога што живеам во еден манастир, кој што е изграден со љубов на прилепчани кои покажуваат, пак, огромна љубов кон Мајката Божја и опстојуваат со векови со таа љубов. Покрај сите искушенија што ги поминавме со пожарите и се што ни се случи во последните недели поврзано, пак, со пожарите, гледам дека манастирот е полн со прилепчани кои не дозволуваат да бидат спречени да не дојдат тука на овој ден, рече отецот Калист по синоќешната богослужба посветена на Успението на Мајката Божја.

На божествената литургија синоќа присуствуваше и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој го посети и манастирот „Св.Никола“ во населеното место Прилепец.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението