Паркот во Гази Баба се расчисти и се збогати со дополнително зеленило

Од:

Голем број вреќи се наполнија со отпад фрлен насекаде низ паркот во Гази Баба. Активистите на Движењето ЛЕАД неуморно работеа на расчистувањето на паркот, покрај скопските горештини.

По завршувањето со чистење, активистите на Движењето ЛЕАД им се приклучија на активистите од организацијата „Јавна соба“ и заедно продолжија со садење бршлени во паркот во Гази Баба.

ЛЕАД и „Јавна соба“ денеска имаа заедничка акција, спојувајќи ги проектите „В џеб, ако нема каде друго“ и „Дотерај го Скопје“.

Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Целта на кампањата „Дотерај го Скопје“ е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната околина на практичен и економичен начин, а исто така да се поттикнат да се грижат повеќе за јавниот простор.

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга