ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Центар заслужуваат одговорна и транспарентна општина

Од:

Јордан Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека Жерновски и СДСМ продолжувале со незаконското и расипничко работење во Општина Центар, а претседателот на советот, Мирослав Шиповиќ го обвинил за луксузирање, наместени тендери и безмилосно трошење на парите на центарци за свои лични потреби.

– Наместо Жерновски и СДС да ги решаваат проблемите на жителите на Центар, секојдневно сме сведоци на скандали во кои се замешани лично Жерновски и неговите најблиски соработници. Шиповиќ го обвинува Андреј Жерновски за местење на тендери, а Шиповиќ како близок соработник најдобро знае како функционира Жерновски. Според Шиповиќ набавките во општина Центар се однапред правени и изведени само со еден понудувач во најголем дел од случаите. Ова се сериозни индиции за криминал кој треба да бидат истражени од надлежното Јавно Обвинителство. Обвинителството не смее да остане немо на криминалот и корупцијата на кадрите на СДС. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите незаконитости и криминални работења ќе бидат подлежени на ревизија и одговорност ќе има засекого, рече Ристовски.

Тој додаде дека додека огромни суми на пари се слеваат во приватни џебови и се користат за лично богатење на поединци, жителите на Центар ги трпеле последиците од ваквото работење.

– Граѓаните на Центар заслужуваат да имаат доволно паркинг места во Дебар Маало, граѓаните на Центар заслужуваат да имаат водовод и канализација на Кале, граѓаните на Центар заслужуваат да имаат соодветна инфраструктура во Маџар Маало. Жителите на Центар очекуваа работа и посветеност наместо неработење и криминал. Граѓаните не заслужуваат Жерновски и кадрите на СДС повеќе да ја водат општината и претставуваат пример како не треба да функционира една локална власт, рече Ристовски.

Како што кажа тој, жителите на Центар заслужуваат одговорна и транспарентна општина и затоа центарци на 15. октомври ќе кажеле „Не“ на Жерновски и СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ