Ќе се обесштетуваат сточарите за „чворестата кожа“ кај говедата

Од:

Се бара законска можност да им се исплатат средства на сточарите кои претпреа штети поради болеста „чвореста кожа“ кај говедата, вели во интервју за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Станува збор за околу 17 милиони денари, пари кои ќе бидат обезбедени од Програмата за директна поддршка на земјоделството, со пренамена, и нема, како што истакнува Атанасов, дополнително да го оптоварат државниот Буџет.

До АХВ, за обесштетување се поднесени барања од 186 сточари за 485 говеда.

– АХВ во соработка со Министерството за земјоделство и Платежната агенција прави напори да им излезе во пресрет на сточарите и да изнајде законско решение да ги обесштети оние кои претрпеа последици од болеста зашто со постоечките законски решенија нема правен основ тоа да се направи. Веќе покренавме иницијатива до Владата во врска со оваа, практично неприродна непогода, зашто „чвореста кожа“ првпат се појави кај нас. Релативно е непозната и за Европа зашто беше карактеристична само за Африка, нагласува директорот.

Согласно актуелните законски прописи, државата засега може да исплаќа средства само за одземени живи животни.

– За да се зачува сточниот фонд, ја информиравме Владата за состојбата. Точно знаеме која е расата и возраста на угинатите грла и според тоа ја направивме проценката на вредноста. Нашата Иницијатива за обесштетување е веќе прифатена и сега сме задолжени да го предложиме начинот на исплата што, исто така, точно го знаеме, а ќе биде преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, објаснува Атанасов.

Вакцинацијата против „чореста кожа“ почна кон крајот на јуни и треба да заврши до 1 септември.

Како што информира директорот, заклучно со 24 август се вакцинирани околу 90 отсто од грлата говеда. Болеста подолг период е ставена под контрола и засега нема тенденција на ширење.

– Процесот на вакцинирање се одвива релативно успешно со тоа што годинава вршиме и верификација на спроведената вакцинација. Инсекторите кои беа задолжени да ја контролираат вакцинацијата што ја спрведуваат овластените ветеринарни друштва, сега вршиме контрола и на инспекторите и на друштвата како ја спровеле вакцинацијата на одгледувалиштата. Сакаме да потврдиме дека процесот е успешен. Науката вели дека ако 95 отсто од популацијата говеда успешно се покрие, значи дека сте заштетитени од болеста, подвлекува Атанасов.

Во Македонија годинава „чвореста кожа“ имаше на три места, Кочанско (Зрновци и Облешево), Ранковце и Крива Паланка. Жариштето во Кочанско и Ранковце е затворено, а од 1 септември ќе се затвори и жариштето во Крива Паланка.

– Тоа значи, а и ќе пријавиме дека во Македонија болеста веќе ја нема. „Цермат“ од Битола сака да извезува сладолед во Австралија, што е многу добро за нас, но правото за тоа ќе го стекне по 1 сепмтеври, потенцира Атанасов, објаснувајќи дека до моментот додека постои болеста кај нас, извоз во Австралија не е можен.

Со оглед дека вакцинацијата е при крај, наскоро се очекува да биде укината и забраната за извоз од ЕУ и средствата за вакцинацијата да бидат рефундирани.

– Поради позитивната оценка од страна на Европската комисија за справувањето на нашата земја со оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство доби рефундација на потрошените средства за вакцинација на говедата против „чвореста кожа во 2016 година во висина од 427 илјади евра, а потпишан е и нов Договор со Европската комисија за рефундирање средства за набавка на вакцини против болеста – грант вреден 192.500 евра, ифнормира Атанасов.

Во интервјуто директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство најавува нови проекти, регистрација на индивидуалните производители на мед, зборува за инспекциските контроли, безбедноста на храната, приоритетите на АХВ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници