Што ли мислеше премиерот Никола Груевски, кога својот лут ривал Бранко Црвенковски во изјава го нарече-АЛТРУИСТ?
Грешка или…?
Сигурно не мислеше нешто пофално или позитивно, зошто Алтруизам (лат. alter – други) е несебична грижа за доброто на другите.
Терминот означува животен став кој вклучува несебичност, наклонетост, љубов кон другите, и подготвеност да му се помогне по цена на лична жртва и штета, без никаков надомест или награда.
Тоа е она однесување кое обично се опишува како „несебично“ бидејќи интересите на другите се ставени над сопствените лични интереси.
Алтруистичките постапки се свесни и имаат намера некому да му се помогне и се бара одредено жртвување и одрекување.