ЕУ до Лондон: Не го користете мировниот процес во Северна Ирска како „монета за поткусурување“

Од:

Европската унија ги предупреди британските преговарачи, кои следната недела ќе пристигнат во Брисел на третата рунда преговори за излез на Велика Британија од Унијата, дека не би требало да го користат мировниот процес во Северна Ирска како „монета за поткусурување“, со цел да ги забрзаат преговорите за Брегзит.

Сајтот „политико.еу“ наведува дека и ЕУ и Обединетото Кралство ја нагласиле посветеноста на мировниот процес, но дека во Брисел постои загриженост дека Лондон се обидува да го поврзе идниот статус на Договорот од Белфаст, познат како Договорот на Велики петок, со преговорите кои би требало да одлучат за идните треговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

Тој договор, во 1998 година го потпишаа британските власти, Владата на Република Ирска и политичките партии од Северна Ирска.

Сајтот пишува дека, неименуван висок претставник на ЕУ, кој денеска разговарал со новинарите во Брисел, зборувајќи за минатонеделниот документ што ја претставува позицијата на британската Влада за северноирската граница, навел дека Унијата се спротивставува на тоа лондон да го поврзува ова прашање со преговорите за иднината на трговијата.

– Малку сме загрижени што документот на Обединетото Кралство се комбинира со зачувувањето на мировниот процес со идните трговски односи на ЕУ и Лондон. Многу е важно мировниот процес да не стане „монета за поткусурување“ во овие преговори, истакнал претставникот.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС