Судот во Бангкок го осуди поранешниот министер за трговија Бонсонг Теријапиром на 42-годишна затворска казна поради злоупотреба на службена должност.
Теријапиром, склучувал нелегални договори за ориз меѓу Тајланд и Кина.
Тајландското обвинителство наведе, дека дејствијата на поранешниот министер ја довеле земјата до огромни загуби, а оризот што требало да биде извезен во Кина, се продавал на локалните пазари.
Осудениот министер беше од кабинетот на премиерката Инглук Шинаватра, која беше уапсена по државен удар во 2014 година.