Средба на заменик министерот за локална самоуправа Павлески со раководството на Независниот синдикат на пожарникари

Од:

Заменикот министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, оствари средба со раководството на Независниот синдикат на пожарникари на Македонија (НСПМ). На средбата се разговараше за огромниот број на проблеми со кои се соочуваат пожарникарите во Република Македонија.

Претставниците на НСПМ како најголеми проблеми со кои се соочуваат при нивното работење ги посочија проблемите со начинот на финансирање на нивната служба, тенденцијата на намалување на бројот на пожарникари во Република Македонија, потребата од законски измени во Закон за пожарникарство, како и слабата и застарена техничка опременост на припадниците на територијалните против пожарни единици (ТППЕ) во Република Македонија.

Заменикот министер Дејан Павлески го потенцираше значењето на ТППЕ како битен сегмент за функционално и безбедно општество, при што ја изрази својата подготвеност преку координација со сите надлежни институции да се започне процес на решавање на проблемите и подобрување на состојбите во оваа област.

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

На јавниот оглас за пожарникари се пријавиле помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50

Горан Наумовски

Ангелов: Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток

400 невработени за 24.000 денари месечно ќе бидат ангажирани како пожарникари

Горан Наумовски