Во Детската болница Козле од минатата недела е воведена можност за вршење комплетни лабораториски испитувања и во трета смена, соопшти Министерството за здравство.
Тоа значи дека сите пациенти кои имаат потреба можат во кое било време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања.
Од МЗ потсетуваат дека дежурната служба во Детската болница Козле работи секој ден 24 часа.