ВМРО-ДПМНЕ: Информациите објавени од Шиповиќ мора да бидат истражени од надлежниот јавен обвинител

Од:

Зоран Поповски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се откривале скандали поврзани со Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.

– Овие скандали ни ги откриваат токму неговите најблиски соработници. Советници од СДС го обвинуваат Жерновски тоне во корупција. Советници од СДС го јавно го прашуваат за поткуп од 200.000 евра. Го прозиваат дека не може да се добие никаква маркичка или решение без да се плати. Тие што го знаат најдобро, му го знаат и системот. Велат дека се одело преку неговиот возач. Мирослав Шиповиќ изминативе денови јавно проговори за расипничкото однесување на градоначалникот Жерновски. Градоначалникот на општина Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари, рече Поповски.

Тој додаде дека во информациите објавени од страна на Шиповиќ имало доста работа за надлежнито јавен обвинител и дека ваквите сериозни наводи не смее да останат само на напишаното и да се третирале како вербално препукување, туку морало да бидат сериозно истражени.

– Правната држава и судовите сега се под притисок од СДС и се плашат. Кога ќе замине СДС од власт правната држава ќе се врати и одговорност ќе има за секој криминал. Жерновски и СДС претставуваат класичен пример како не треба да се управува со една општина. Граѓаните од општина Центар знаат дека Жерновски и СДС не реализираа ништо што ветија, ниту некогаш ќе реализираат нешто. Центарци гледаат дека се што доаѓа од СДС е едно голема лага. Центарци на 15-ти октомври ќе им кажат не на Жерновски и СДС, заврши Поповски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски