(ВИДЕО) Бочварски: Граѓаните се ослободени, очекуваме победа насекаде низ Македонија

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски по изјавата за медиумите во која што соопшти за обезбедените средства за патот Дреново-Градско, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека победа на локалните избори ќе значи потврда за добрите политики и за демократизација на институциите во Македонија.

Можете ли да ни кажете до каде се подготовките за локалните избори дали веќе имате дефинирано во кои општини ќе настапите со свои кандидати?

На Централниот одбор на партијата којшто се одржа пред два дена, избравме шеф на централниот изборен штаб којшто отпочна да ги изработува и да ги работи сите подготовки во однос на локалните избори, веќе објавивме четири кандидати за во четири општини, за во останатите општини се прават дополнителни и последни анализи, согласно динамиката на партијата која што ја имаме зацртано во наредниот период ќе излегуваме со кандидати за градоначалници во сите општини во Република Македонија.

Што за вашата партија ќе значи победа на Локалните избори?

Победа на нашата партија на локалните избори ќе значи потврда за добрите политики и за демократизацијата на институциите во Република Македонија. Победа за нашата партија ќе значи демократизација и ослободување и на општините во Република Македонија којшто се узурпирани во изминатиов период од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме во победа во сите градови и во сите општини во Република Македонија, ќе одиме на победа и тоа е единственото нешто за кое размислуваме и работиме како партија во овој период.

Бидејќи до сега СДСМ има 3 општини каде што е власт, додека другите се во мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на тоа колку освоени општини, колкав процент би можеле да очекувате?

Веќе кажав, очекуваме победа насекаде во Република Македонија, граѓаните се ослободени, ова не е реалната слика којашто ја имаме денеска во соодносот на општините којшто ги има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, бидејќи претходните избори според сите Меѓународни релевантни институции, претходните локални избори беа криминално организирани со огромни притисоци врз гласачите. Така да убеден сум дека на овие локални избори СДСМ ќе понесе убедлива и голема победа во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите