Најмалку 60 лица загинаа во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, насочени против хотел во јеменскиот град Архаб, на околу 50 километри северно од Сана, пренесува БТА.
Засега не е познато зошто борците го нападнале хотелот.
Според очевидци, двокатната зграда е целосно уништена и под урнатините се уште се гледаат човечки тела. Во вториот воздушен напад, беше уништен шиитски контролен пункт, кој се наоѓал на неколку милји од хотелот.