Тихоокеанскиот тајфун Хато денеска го зафати Хонг Конг, парализирајќи го нормалниот живот и транспортот во овој густо населен мегаполис, пренесе ТАСС.
Во 2012 година за првпат беше објавено предупредување за бура од максимален десетти степен. Во последните часови циклонот уште повеќе се засили и носи голема опасност, предупредија метеоролозите.
Со наредба на локалните власти затворени се сите училишта, државни установи, банки и канцеларии, на својот сајт објави весникот „Саут чајна морнинг пост“.
Запрени се товарно-истоварувачките активности на пристаништето, како и фериботските и автобуските линии. Со работа прекина и берзата во Хонг Конг, што е една од најголемите во светот.
Локалниот меѓународен аеродром откажа и одложи стотици воздушни летови.
Тропскиот циклон, чиј епицентар во моментов се наоѓа на 60 километри југозападно од Хонг Конг, се движи на северозапад кон континенталниот брег на Кина, носејќи поројни дождови и ветар со брзина до 155 километри на час.
Од кинеското крајбрежје веќе се евакуирани илјадници локални жители, јави агенцијата Ксинхуа.