Граѓаните задоволни, продолжува проектот „Центар се грижи за возрасните“

Од:

Посебно е чувството дека не сме отфрлени и заборавени од нашата општина, вели тетка Нада, една од повозрасните корисници на услугите од проектот „Центар се грижи за возрасните“. Тетка Нада е благодарна на, како што вели, најхуманата општина и градоначалникот Андреј Жерновски, и ова треба да служи за пример на целата држава.

Сестрите Цветанка и Сунчица се борат со тешки болести, неподвижност, мултиплекс склероза. Благодарни се за помошта и човечката грижа, бидејќи се врзани за кревет и да не беше оваа помош немало кој лекови и храна да им земе, да им зачисти и прозбори со нив.

Слични се исказите и на 30 корисници на услугите од проектот на општина Центар кој се спроведува веќе 5 месеци. Тие преку писмени изјави сакаа да и’ се заблагодарат на општина Центар и градоначалникот, не криејќи го задоволството и благодарноста. Сите се во ијзавите едногласни- бараат проектот да продолжи.

Општина Центар особено се грижи за возрасните, бидејќи како што им рече при неодамнешната посета градоначалникот Жерновски, тие се наши родители, кои нѐ воспитуваа и негуваа. Сега вели, на нас е редот да се грижиме за нив.

Градоначалникот го реализира нивното барање стручните лица да добијат апарати за мерење на крвен притисок . Обезбеден е и физио-терапевт кој им дава основна помош, лесни масажи, физички вежби и раздвижување.

Проектот, како што им вети Жерновски, ќе се реализира до крајот на годинава, но како што посочи ќе продолжи и до година, а ќе се обезбедат повеќе средства и подобрени услуги.

За 90 возрасни лица, жители на Центар, се грижат 15 професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ги координира социјален работник, кој подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа.

Општина Центар е прва општина која спроведува ваков проект.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Сообраќајка кај Соборна, сообраќајот во грч

А1он

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар