Лондон му порача на Брисел дека по Брегзит нема да му треба Европскиот суд на правдата

Од:

Британската Влада соопшти дека Европскиот суд на правдата „ не е ниту потребен, ниту соодветен“ за политиката во односите меѓу Велика Британија и ЕУ, по британското излегување од ЕУ..

Во најновиот документ на официјален Лондон за преговорите со Брисел, околу Брегзит, се вели дека Владата на Велика Британија сака да воспостави „длабоко и специјално партнерство“ со Унијата, но дека е определена да остане надвор од јурисдикцијата на овој европски суд.

Според британскиот став за ова прашање, постојат низа други начини како со ЕУ да се решаваат подоцнежните меѓусебни несогласувања .

Официјален Лондон уште од почетокот на процесот на Брегзит соопшти дека ќе излезе од Европскиот суд на правдата, чие седиште е во Луксембург.

Во Брисел, меѓутоа, сметаат дека Судот треба да остане во Велика Британија за да ги решева споровите и, пред се, за да се грижи за статусот и правата на трите милиони европски државјани, кои по Брегзит треба да останат да живеат и да работат на британска територија.

Независни британски набљудувачи, како и активистите кои беа против Брегзит, го осудуваат ваквиот став на британската Влада за Судот, тврдејќи дека станува збор за „сериозна грешка“, зашто ќе треба да се создаваат нови судови за решавање на проблемите во идните британско-европски односи.

Европскиот суд на правдата е задолжен за тоа сите земји членки да се придржуваат кон владеењето на правото на ЕУ, но и за средување на проблемите што ќе настанат меѓу земјите членки и институциите на ЕУ.

Третата рунда преговори меѓу Лондон и Брисел, за Брегзит, е предвидена за 28 август.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов