Граѓански сектор: Предизборните програми да предвидат заштита на жени и девојчиња жртви на насилство

Од:

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство испратила барање до кандидатите за градоначалници на локалните избори 2017 за вклучување на специјализирани сервиси за жени и девојчиња жртви на различни форми на насилство во предизборните програми.

Како што соопштија денеска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство пакетот сервиси опфаќа засолниште/шелтер центар, кризен центар, СОС линија, советувалишен центар за психо-социјална поддршка и бесплатна правна помош.

– Дополнително, кандидат(к)ите за градоначалници очекувано е да предвидат и пакет на социјални мерки за жени жртви на семејно насилство кои ќе го олеснат процесот на осамостојување и економско јакнење на жените кои ќе одлучат да ја напуштат насилната средина, велат од Мрежата.

Оттаму потсетуваат дека на 25 ноември 2016 година, лидерите на 17 политички партии ја потпишаа Заедничката Декларација за спречување и борба против насилство врз жените.

– Со потпишувањето тие се обврзаа да ја ратификуваат Истанбулската конвенција доколку бидат избрани во новиот состав на Парламентот и да обезбедат финансиски средства за специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство. Процесот за ратификација на Конвенцијата е веќе започнат и е очекувано да се случи до крајот на годинава. Таа предвидува вклучување на локалната самоуправа во обезбедување на заштита од сите форми на родово базирано насилство, како што веќе е дефинирано и во постоечкиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Македонија е земја со висока стапка на родово базирано насилство, вклучувајќи семејно насилство, што, како што велат од Нациналната мрежа, продолжува да бидe еден од водечките социјални проблеми во земјата кои пошироко од влијанието врз индивидуите, оставаат сериозни последици врз семејствата, заедниците и целокупното општество, но и резултираат со значајни економски и социјални трошоци за земјата.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он