Новиот ГУП за град Штип не предвидува тешка и загадувачка индустрија

Од:

Во новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на градот Штип не е планирано изградба на стопански објекти од тешката и загадувачка индустрија истакна Емил Стојановски од консултантското друштво „Енвиро Ресурси“ ДОО Скопје, на денешната јавна презентација на Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ГУП на град Штип.

– Согласно Генералниот урбанистичкли план за град Штип треба да се истакне дека тешка и загадувачка индустрија не се планира, односно се планираат домување, комерцијални и деловни објекти, јавни функции, паркови и зеленило, заштитно зеленило, комунална инфраструктура и мешана намена, вели Стојановски.

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ГУП на град Штип е еден од клучните документи за донесување на новиот ГУП на Штип, кој ќе има рок на важност вкупно 10 години.

Според урбанистите во општина Штип, развојот и изградбата на градот ќе се одвива кон исток, бидејќи постоечката Филтер станица и главната водоводна мрежа ја диктираат насоката на изградба на нови објекти. Новиот ГУП за Штип е со површина од 2.292 хектари, а донесувањето на новиот генерален план го чекаат граѓаните на Штип со цел одредени Детални урбанистички планови да претрпат измени, со што ќе им се овозможи оформување на градежните парцели.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор