По осум години МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот јуни – средина на август 2017 година, по втор пат после 2009-та година, изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија. Согласно Европските регулативи и препораки авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). Со просторната идентификација на земјишни парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за која земјоделците аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На овој начин, ќе се овозможат прецизни контроли од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции и фактичката состојба на терен.

Во рамките на процесот ќе бидат произведени ортофото карти, дигитален модел на теренот на целата држава и ќе биде направена иницијална дигитализација на земјоделските површини според употребата на земјиштето. Новите просторни податоци ќе овозможат ажурирање на промените настанати на земјишните парцели во периодот помеѓу двете снимања. За таа цел, при крајот на тековната и во текот на 2018 година, во Подрачните единици на министерството ќе бидат повикани земјоделските стопанства кај кои е утврдено несовпаѓање помеѓу состојбата на постојната ортофото карта од 2009 година и новата карта од 2017 година од аспект на површината на парцелата или користењето на земјиштето, а со цел корегирање на воочените отстапувања.

Покрај за спроведување на земјоделските политики на поддршка, новите Ортофото карти и Дигиталниот модел на теренот се достапни и наоѓаат широка примена и од страна на голем број на органи на државна управа, единици на локална самоуправа и правни лица при извршување на нивните надлежности во просторното планирање и проектирање, јавната безбедност, итн.

Активностите на изработка на авионските снимки, ортофото картите, дигиталниот модел на теренот, како и дигитализацијата на земјоделското земјиште финансиски е помогнато од страна на Европската Унија преку ИПА 2008-ма проектот “Изработка на ортофото карти и дигитализација на употребата на земјоделското земјиште и развој на ИТ софтвер за ЕРЗС регистарот, ФАДН системот и надградба на СИЗП софтверот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска