Италијанската компанија „Битоши керамик“ (Bitossi Ceramiche) има богата историја и креирање на керамички производи со помош на традиционални методи. Благодарение на својата умешност досега креирале бројни различни дизајни со освежувачка перспектива.
Неодамна оствариле соработка со Макс Ламб, британски дизајнер, со цел со своите стари техники да дадат еден современ твист. Резултатот е колористичко трио вазна со една единствена цик цак текстура.
Правоаголните вазни се креирани со помош на жица која се користи за сечење глина, па така е постигната единствена брановита структура, која потоа е глазирана.
Во понудата се вазни во три бои – виолетова, сина и беж.