ИД презеде одговорност за нападот во Барселона

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот напад во Барселона, во кој според последните информации, загинаа 12 лица, а околу 80 други се повредени, јави ДПА.

Во соопштението, што го објави агенцијата на ИД, Амак, се посочува дека нападот го извршиле членови на групата, кои се одзвале на нејзиниот повик за изведување напади во земјите членки на антиџихадистичката коалиција, која извршува воздушни напади врз цели на џихадистите во Сирија и Ирак.

– Извршителите на нападот во Барселона се војници на Исламската држава, се наведува во соопштението што го пренесе Амак.

Од јуни 2016 година во Европа се регистрирани седум напади што ги изведоа исламисти, меѓу кои и оние во Ница, Берлин, Лондон и Париз.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина