Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа во Желино во која не живеел никој, а сопственост на З.Е.(73) од ова тетовско село предизвикал штета од околу 120 илади денари, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
– Пожарот избувнал во гаражата при што бил опожарен трактор „Леиланд“, сопственост на роднина на сопственикот на куќата, како и неколку дрвени врати и прозорци кои биле оставени во објектот. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот за кусо време е локализиран. Извршен е увид, а вкупната материјална штета се проценува на 120 илјади денари, рече Јосифовски.
Се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот и се друго поврзано со настанот.