Најмалку 37 лица загинаа во бунт во затвор во Венецуела

Од:

Најмалку 37 лица загинаа во судири меѓу вооружени затвореници и силите за безбедност во мал затвор во јужниот дел на Венецуела, наведе локалниот гувернер Либорио Гуаруља.

Во затворот „Пуерто Ајакучо“ во државата Амасонас, синоќа затворениците покренеле бунт, по што стражарите влегле во просториите со цел да воспостават ред, пренесува БТА.

Гуаруља на неговиот Твитер налог, посочи дека над 35 лица загинале, кога специјалните единици на венецуелското Министерство за внатрешни работи ги нападнале вооружените затвореници.

Обвинителството соопшти дека загинале 37 лица, а повредени се 14 стражари.

Две организации за заштита на човековите права посочија дека 37-те загинати се затвореници.

Во затворот се наоѓаат вкупно 105 затвореници.

Условите во венецуелските затвори се влошија во моментот кога земјата ја преживува најтешката економска криза.

Во затворските објекти постојано пристигнува шверцувано оружје, а од неодамна често се пријавувани и судири, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски