(ВИДЕО) Бочварски: Владата предводена од СДСМ и надлежното министерствто ги решаваат проблемите на земјоделците

Од:

Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ денеска одржа прес-коференција на која што изјави дека го поздравува интересот на опозицијата за работењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за министерот Николовски и се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе разбере и ќе научи како требал ода функционира една институција во функција на граѓаните и земјоделците.

-Еве една бесплатна лекција за ДПМНЕ, како за само два месеци со правилна работа се решаваат проблемите на земјоделците: Ги исплативме тутунарите со износ од 25 милиони евра. Продолживме со исплатата на субвенциите за останатите земјоделски сектори и за само два месеци новата Влада исплати 50 милиони евра. Дополнително, со измените на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој за 2017 година, обезбедени се нови 10 милиони евра финансисика поддршка за земјоделците. Од оваа сума 2 милиони евра се за производителите на пченица, пари со кои ќе им се помогне да ги надоместат штетите од временските непогоди, рече Бочварски.

Како што кажа тој, производителите на пченица ќе добиеле дополнителни 6.000 денари за хектар, за јачменот биле предвидени 1 денар за килограм, а биле зголемени и субвенциите за лозарите и овоштарите.

– Со измените, овие земјоделци ќе добијат зголемена субвенција од 10% по хектар со цел да се надомести дел од штетата, главно поради измрзнувањето на насадите. За градинарите има дополнителни 10% од висината на сегашните субвенции по хектар, а за сточарите поддршката е преку зголемените субвенции за 10% по хектар фуражни култури. Или, вкупно тоа се уште 2 милиони евра. Останатите 6 милиони евра се за Програмата за рурален развој, односно за мерката за помош на млади земјоделци, за мерката за долгогодишни насади и приплодни грла. Во меѓувреме се распиша оглас за пријавување за мерката за помош за „Млад земјоделец“, односно за финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства. Ги скративме сите непродуктивни трошоци како тековни расходи , договорни услуги. Најголемо кратење има во делот на стоки и услуги, од 4 милиони денари, рече Бочварски.

Според него, земјоделците од Македонија конечно добиле Влада која не ги дели по партиска книшка, Влада која ги решава нивните проблеми, Влада која парите на граѓаните ги реализира исклучиво за нивните потреби.

Би можело да ве интересира

ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците

СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

СДСМ: Очајни маневри на ВМРО-ДПМНЕ, Меџити призна дека власта има договор да го закочи Законот за бранители

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира, со нив заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ