Првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп Ацев изјави дека ќе се обиде да го повтори успехот од 2015 година кога се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.
– За овогодишната трка на Охридскиот маратон очекувам добар резултат и дефинитивно ќе одам на победа. Има многу добри пливачи и резултатите за целокупната награда се многу тесни. Имајќи го во предвид овој предизвик сигурен сум дека 31от Охридски пливачки маратон ќе биде многу добра трка, вели македонскиот пливач.
Тој минатата година загуби од Томи Стефановски, а беше најбрз пред две години.
31-от Охридски пливачки маратон започнува на 19 август, ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри.
Маратонот и оваа година е дел од Гран При серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Покрај машката ќе се одржи и женската трка со седум натпреварувачки.
– Охридскиот пливачки маратон е еден од најубавите на кои сум учествувала. Езерото е прекрасно и трката е стварно убава и секогаш исполнува. Многу често голем дел од маратоните мора да се снаоѓаат со голем број на организациски предизвици. Ова се случува и во Охрид, но организацијата секогаш ја завршува работата како што треба и затоа секоја година познати пливачи од цел свет. Од организацијата користат напредна технологија за следење на времето, секогаш има придружба која те прати до целта и многу други работи. Трката е едноставно беспрекорно организирана, истакнува Теодора Раптис, една од најтрофејните македонски пливачки која го освои Охридскиот пливачки маратон во 1992 година.
Главен покровител на 31от Охридски пливачки маратон е претседателот на Република Македонија. Маратонот е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.