Најмалку 28 луѓе загинаа во троен самоубиствен напад во Нигерија

Од:

Најмалку 28 луѓе загинаа, а повеќе од 80 се повредени во тројниот самоубиствен напад, извршен од жени во нигерискиот град Мандарари.

– Три жени ги активирале експлозивните појаси на влез од бегалски камп, изјави припадник на цивилната милиција, која се бори против џихадистичката група Боко харам.

Првата жена самоубиец го извела нападот во 18 часот по локално време на пазар, што се наоѓа на влезот на кампот. Тоа предизвикало паника, а веднаш потоа уште две жени го активирале експлозивот што го имале на себе.

Мандарари е лоциран на 25 километри од Мајдугури, главниот град на нигериската североисточна држава Борно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он