Филипини: Убиен 21 дилер на дрога, а 64 се уапсени

Од:

Во операција во рамки на „војната против дрогата“ во северниот дел на Филипините, се убиени 21 нарко дилери, а 64 се уапсени, што е најголем број на убиени дилери во еден ден од почетокот на оваа акција во јули минатата година, соопшти денеска полицијата.

Како што се наведува во соопштението, при апсењето дилерите пружиле вооружен отпор, а во акцијата биле одземени повеќе од 20 парчиња огнено оружје, над 100 грама метамфетамин, кој е познат на Филипините како „шабу“, како и одредена сума на пари и сортирани препарати за производство на лекови.

Откако филипинскиот претседател Родриго Дутерте минатата година објави „војна против дрогата“, убиени се 3.264 дилери на дрога, а повеќе од 2.000 извршиле самоубиство.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски