Екипи на Центарот за јавно здравје, на 17. август (четврток) во доцните вечерни часови, ќе извршат терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Липково.
Од епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Куманово, денеска апелираат до пчеларите од општината да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Со дезинсекцијата, посочуваат одговорните, ќе се спречи појава на вектор преносливи болести кои ги пренесуваат комарците. Дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден, поради неповолни временски услови, информираа од здравствената установа.
Станува збор за втора фаза на терестичка дезинсекција во оваа општина. Првата беше спроведена во средината на јуни. Наредната недела терестичка дезинсекција ќе се спроведе и во општина Старо Нагоричане.