Скандалозниот филм „Невиноста на муслиманите“, кој беше забранет од Тверскиот суд во Москва, веќе е внесен во рускиот регистар на екстремистички материјали, соопшти руското Министерство за правда.
Рускиот Федерален список со екстремистичките материјали се формира врз основа на пристигнатите во Министерството за правда копии од решенијата на судовите кои стапиле во сила и се сметаат како екстремистички материјали.
Со внесувањето во овој список, екстремистичкиот материјал официјално се смета за забранет во целата земја.