Наредба за истрага против полицаецот кој пукаше во двајца малолетници

Од:

Надлежен јавен обвинител од струмичкото Јавно обвинителство донел наредба за спроведување истражна постапка против полицискиот службеник кој повреди двајца малолетници со истрел од службен пиштол. – Полицаецот е осомничен дека сторил кривично дело – убиство од член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Обвинителството.

За целосно расветлување на настанот, како што посочуваат од Обвинителството, јавниот обвинител ги очекува резултатите од наредените вештачења на траги и материјални докази пронајдени на местото на настанот, балистичките вешачења и анализите на трагите од барутни честички.

– Од сите инволвирани веднаш по инцидентот беа земени за анализа и примероци од крв и урина, како и парафински ракавици, истакнуваат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека за осомничениот се предложени серија мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за вршење определени работни активности.

– Во меѓувреме, состојбата на потешко повреденото момче се подобрува. Тој и натаму се наоѓа на скопските клиники, но е стабилен и свесен и во моментов не се наоѓа во животозагрозувачка состојба, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа