Египет: Притворени машиновозачите и нивните помошници, по несреќата во која загинаа 41 лице

Од:

Египетското обвинителство им одреди мерка притвор од 15 дена на машиновозачите и нивните помошници на двата воза кои се судрија во петокот.

Во железничката несреќа покрај Александрија загинаа најмалку 41 лице, а ранети беа 133, според информациите на Министерството за здравство.

Двајцата машиновозачи и нивните помошници ќе останат во притвор, додека се води истрагата.

Земени се примероци од урина и крв од еден од машиновозачите за да се утврди дали тој користел наркотици.

Патнички воз, кој патувал од Каиро за Александрија се судри со голема брезина со воз од Порт Саид, кој не бил во движење.

Според една од верзиите несреќата се случила заради грешка на машиновозачот, кој не го забележал сигналот за забрана на семафорот, како и значително зголемата брзина со која го управувал возот.

Според друга верзија диспечерот му дал погрешен сигнал на првиот воз, тој запрел и потоа во него се удрил вториот воз.

Египетскиот министер за транспорт Хешам Арафат изјави вчера дека мануелниот оперативен систем е факторот, кој придонел за несреќата – една од најтешките во земјата изминатите години.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси нареди спроведување истрага за инцидентот.

Железничкиот систем во Египет е во мошне лоша состојба. Најтешката железничка несреќа во земјата се случи во 2002 година, кога 315 лица загинаа во пожар во железничка композиција, која патувала од Каиро за централнот град Луксор.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски