Повеќе од 30 лица загинаа, а најмалку десетмина се водат како исчезнати, во поплавите што го погодија Непал во последните 24 часови.
Обилните дождови зафатија повеќе од десет дистрикти во источниот дел на земјата, како и одредени западни региони, соопшти непалското Министерство за внатрешни работи.
На места во источниот дел на земјата дошло до прекин на електричната енергија.
Дождот ги блокирал патиштата, а во западниот дистрикт Банке се оштетени три мостови.