Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денеска за „ескалацијата на тензиите“ поради Северна Кореја, во момент кога се интензивира „вербалната војна“ меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Макрон, изрази загриженост поради „нуклеарните закани на Северна Кореја“, истакнувајќи дека меѓународната заедница мора да работи на тоа да го врати Пјонгјанг на „патот на безусловен дијалог“.