Трамп не ја исклучи воената опција за Венецуела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува воената опција за Венецуела, како одговор на ескалацијата на политичката криза во таа земја и обидите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја консолидира власта.

– Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи и потенцијална воена опција, ако биде потребно, рече Трамп пред новинарите во Њу Џерси.

– Имаме воени сили во целиот свет и на места, кои се мошне оддалечени. Венецуела не е толку далеку, а луѓето таму страдаат и умираат, додаде Трамп.

Амдинистрацијата на Трамп претходно лидерот на Венецуела го нарече диктатор и покрена санкции против него и повеќе други официјални претставници, по одржување на контроверзните избори за Уставотворното собрание и повеќемесечните протести на опозицијата во кои во судирите со полицијата загинаа повеќе дестици лица.

Во меѓувреме министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино заканите на Трамп за воена интервенција во неговата земја ги нарече „акт на лудост“.

– Со таа екстремистичка елита, која раководи со САД, кој знае што ќе се случи во светот, рече генералот Падрино за националната телевизија.

Министерот за комуникации Ернесто Вилегас изјавата на Трамп ја нарече „закана против националниот суверенитет без преседан“.

Пентагон во врска со изјавата на Трамп нагласи дека американските војници се подготвени да ги заштитат граѓаните на САД и американските национални интереси, но ги означи како „неосновани инсинуациите на Каракас за планирање воена интервенција“ од страна на САД.

Би можело да ве интересира

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп нареди објавување на документите за атентатите на браќата Кенеди и на Мартин Лутер Кинг

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Трамп повлекува 20.000 американски војници од Европа

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД