Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во јуни годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 9,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јуни во однос на мај годинава прометот во индустријата бележи намалување за 2,7 проценти, а во првите шест месеци од годинава споредено со истиот период лани е зголемен за 9,1 процент.

Според статистичките податоци, на домашните пазари прометот во индустријата во јуни годинава во однос на јуни минатата година е намален за 4,6 проценти, а на странските пазари бележи пораст од 13 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни годинава во однос на јуни минатата година, бележи пораст од 1,2 процента, а во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 9,6 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2017 година, споредено со јуни 2016 година, има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 12,8 проценти, „капитални производи“ за 9,3 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,7 проценти, а опаѓање кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 7,2 процента.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата