ВИДЕО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат прекин на седницата за разрешување на Зврлевски

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине шестата седница за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, наведувајќи ја како причина неприсутноста на парламентарното мнозинство во собраниската сала.

„Иронијата во целата дисусија е дека не се присутни ниту 20 пратеници од мнозинството и доколку се гласа за разрешување на Зврлевски, гласањето нема да помине“, рече Димовски.

Според него, држењето на пратениците во Собранието во ваква ситуација е противзаконски, противуставно и противделовничко.

Димовски наведе дека претседателот на Собранието и СДСМ немаат чувство да демократија и дека Парламентот не е повеќе на 120 пратеници туку е Парламент на тенкото мнозинство од 62.

По барањето на Димовски да се прекине седницата, претседателот Џафери објасни дека според Членот 74. од Деловникот седницата започнува во договореното време со пратениците кои се присутни без разлика колкав е нивниот број.

Тој го прочита и Членот 81. од Деловникот во кој се вели дека претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема мнозинство за одлучување, а потоа ги потсети пратениците од опозицијата дека моментално не е во тек процес на гласање или одлучување па нема потреба седницата да биде прекината.

„Треба прво да се исцрпи листата на пратениците пријавени за збор, па потоа да се прејде на гласање“, рече Џафери.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции