Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја известува македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денеска донесе одлука, од безбедносни причини влезници за натпреварот Македонија – Косово нема да бидат пуштени во продажба.
МКФ сака да и се извини на целата спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“.
Сите оние кои поседуваат блок-билети ќе можат да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспоредени во блокот М15.
Натпреварот ќе биде директно пренесуван на првиот програмаски сервис на националната телевизија (МРТ).