Во ноември 2016 година пристигна веста дека „Ауди“ го одложи развојот на новата генерација на моделот !„А3“ со цел да се фокусира на проблемите предизвикани со дизел скандалот.
Според најновите вести, се чини, „жртвата“ на ова одложување ќе биде моделот „А3“ со три врати.
За да се намалат финансиските трошоци за развој и производство, „Ауди“ од следната генерација на својот компактен модел ќе ја изостави варијантата со три врати, дознава британски „Autocar“.
Таквата одлука на раководството е дел од програмата за консолидирање по дизел аферата од 2015 година, што ја спроведе сопственикот на брендот „Ауди“, германската групација „Фолксваген“. Проценето е дека верзијата со три врати не им е доволно интересна на купувачите за да биде финансики оправдано нејзиното постоење во рамки на четвртата генерација од моделите „А3“.
Истиот извор наведува дека новиот „Ауди А3“ на пазарите ќе с епојави дури во 2019 година, а честа на хечбек верзијата ќе ја брани само моделот „А3 Спортбек“, со пет врати.
Од друга страна новодојдениот во гамата, моделот „А3 Седан“, ќе остане во производство и во рамки на следната генерација, а неговата премиера се очекува во 2020 година.