СДСМ: Неоснована интерпелацијата за министерот Тевдовски

Од:

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и зајакнување на економијата, наведува СДСМ во реакција на изјавата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Со неоснованата интерпелација, наведува СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минимална плата од 12.000 денари за сите работници вклучително и работниците во кожарската и текстилната индустрија.

– Со гласањето против ребалансот на Буџетот подготвен од министерот и Министерството за финансии ВМРО-ДПМНЕ докажа, а со денешната интерпелација и потврди дека е против трајното решавање на статусот на стечајните работници, против укинувањето на радиодифузната такса, против субвенциониран годишен одмор на најнископлатените работници и против поголема помош за претпријатијата – мерки што се обезбедуваат со ребалансот на буџетот, стои во соопштението.

СДСМ оценува дека се залудни и очајни, како што наведува, обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку неиздржани интерпелации да се обидуваат да ги спречат реформите што носат квалитетен живот за сите граѓани. Преку транспарентна и отчетна работа, Министерството за финансии работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните, зајакнување на уништената економија преку значителна поддршка за домашното стопанство, истакнува во соопштението СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага