Пет приоритетни проекти ќе се реализираат во наредниот период во општина Крива Паланка

Од:

Советниците во општинскиот Совет при локалната самоуправа на општина Крива Паланка на седница донесоа две одлуки со кои беа утврдени петте приоритетни инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат во наредниот период.

Со посебна одлука е даден приоритет за апликација на проектот „Доизградба на регулација на Скрљавски дол“, за користење финансиски средства од Програмата за инвестирање во животната средина за годинава на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната вредност на проектот изнесува четири милиони денари според изготвената проектна документација, а доколку проектот биде одобрен, во Одлуката се наведува дека дел од средствата за реализација на проектот ќе бидат обезбедени од Министерството, додека останатиот дел од средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Крива Паланка.

Усвоена е и одлуката за давање приоритет на проектите „Изградба и регулација на дел од Бабин дол и пешачка патека покрај регулацијата во село Варовиште“, „Пешачка патека висока зона лев брег“, „Регулација на минор корито и партерно уредување на мајор корито-прв дел“ и „Изградба на локален пат во село Трново во должина од 1,3 километри“.

Кај овие четири проекти е даден приоритет за аплицирање по објавени повици на домашни, странски донатори или по ИПА програмите за прекугранична соработка на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка