Јапонија тврди дека ќе собори ракета испукана од Северна Кореја кон Гуам

Од:

Јапонската армија може да пресретне проектили што Северна Кореја евентуално би ги испукала врз американската тихоокеанска територија Гуам, изјави денеска министерот за одбрана Ицунори Онодера.

Во обраќање во комисијата во Долниот дом на парламентот тој рече дека националните сили за одбрана ќе добијат наредба да ја соборат ракетата испукана кон Гуам ако биде проценето дека е закана и за Јапонија.

Според експерти, Јапонија нема капацитет да собори ракета што би прелетала над нејзината територија кон Гуам.

Генералниот секретар и портпарол на јапонската Влада Јошихиде Суга изјави дека државата никогаш нема да може да толерира провокации од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски