Филмот „Хобит“ (The Hobbit: An Unexpected Journey) го сруши рекордот на гледаност за декември и тоа во првиот викенд од неговото прикажување во САД и Канада.
До сега има заработка од 84.077.000 долари.
Во останатите земји во првите три дена од своето прикажување заработи 57 милиони долари.
Со ова, филмот го сруши рекордот за заработка во декември од 77 милиони долари кој го достигна „I am Legend“.
Овој филм е прекрасна бајка која е полна со чудесни суштества кои се од светот на фантазијата.